За Нас

Тамасо е македонска компанија со дваесетгодишна традиција во областа на репроматеријалите за проивзодство на плочест мебел. Основана со јасна визија – да понуди квалитет, практичност и доверба – денес Тамасо е препознатливо име меѓу столарите, дизајнерите на ентериери и крајните корисници.

Нашето портфолио опфаќа:

- Продажба на оков за мебел – од најосновни до специјализирани решенија од реномирани брендови.

- Кројни шеми за столари – практична поддршка и решенија кои го олеснуваат процесот на изработка.

- Програма за кујни – богата понуда на чешми, садопери, механизми и аксесоари кои овозможуваат функционални и модерни решенија.

Целосно сме посветени на тоа да ги следиме трендовите, да го подобруваме нашето работење и да градиме трајни релации со клиентите. Без разлика дали сте професионалец или поединец кој сака квалитетен ентериер, Тамасо е ваш сигурен партнер.