Услови и Правила за Купување
Цените на сите производи на tamaso.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ.
Тамасо го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Корекција на цената во секој случај може да биде извршена од страна на Тамасо, доколку се работи за очигледна техничка грешка сторена при впишување на цените на производите. Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме. Во случај на постоење на очигледна техничка грешка сторена при впишување на цените на производите, Тамасо веднаш ќе ги извести Купувачите кои извршиле нарачка или пак реализирале уплата за одредениот производ, а Купувачот во овој случај го задржува своето право да одлучи дали ќе ја откаже нарачката или не.
За купување на производи преку tamaso.mk важат редовните малопродажни цени, како и сите попусти, промоции и специјални промотивни пакет производи. Количините на производите се ограничени; па согласно тоа, одредена нарачка може да биде откажана поради исцрпување на залихите.
Купувачот може да избере еден или повеќе производи, како и пакет на производи од понудата на Тамасо. Купувачот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време, пред да го реализира финално плаќањето. Регистрирањето не е задолжително за реализацијата на нарачката, но при нарачката, задолжителни се податоците за контакт, како и адреса за испорака. По завршувањето на нарачката ќе Ви биде испратен e-mail на адресата која ја имате наведено, за потврда на резервација на нарачката. При евентуални технички проблеми или грешки со интернет страната, Тамасо има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување, и не сме обврзани да извршиме никакво обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна на купувачот.